На првата седница пред стартот на новата сезона 2022/2023, познати и натпреварувачките броеви и распоредот на одигрување
На првата седница пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, на која присуствуваше и раководството на федерацијата, претседателот Перо Антиќ, генералниот секретар Владимир Георгиевски, и спортскиот директор Марјан Србиновски, претставниците на Здружението на Прва лига-мажи, го утврдија системот за натпреварување за сезоната 2022/23 и календарот за натпреварување.
Беа одредени и натпреварувачките броеви на дванаесетте клубови учесници во најквалитетното кошаркарско натпреварување:
- Куманово 2009
- Академија ФМП
- Гостивар
- Струмица
- ТФТ
- МЗТ Скопје Аеродром
- Чаир 2030
- Кожув
- Пелистер
- Еуро Никел 2005
- Работнички
- Феникс 2010
Согласно со Бергер-системот, формирани се и двојките за првото натпреварувачко коло, кое според календарот е предвидено да се одигра на осми октомври:
Куманово 2009 – Чаир 2030
Академија ФМП – Кожув
Гостивар – Пелистер
Струмица – Еуро Никел 2005
ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром
Работнички – Феникс 2010












