ТЕРА

REKLAMA???

КРИЗАТА ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИДНУСТРИЈА ГО ЗАФАТИ И „НИСАН“

После Toyota и Volkswagen ,компанијата Nissan Motor Co. најави обемна реформа заради загубата во последното тримесечје.

Генералниот директор Makoto Uchida , кој ја презеде функцијата во време на криза, најави нова стратегија која вклучува значително намалување на производниот капацитет и продажба на дел од сопственоста во Mitsubishi Motors, пишува Ројтерс.

Uchida изјави: „Ние не можеме да го игнорираме фактот дека нашиот продажен план беше преголем во однос на брзите промени на пазарите“. Тој, исто така, потврди дека планира да го намали своето годишно примање за 50%, што е приближно 657 милиони јени (околу 4,3 милиони американски долари).

Паралелно, компанијата планира да го намали бројот на вработените за 9.000, од вкупно 133.580, со цел да заштеди „околу 3 милијарди долари“. Тој додаде: „Прашањето е како брзо да го направиме тоа и да се прилагодиме на реалноста“.

Во текот на новата реформа, директорот исто така најави редефинирање на организационата структура, вклучувајќи поставување на актуелниот претседател на Nissan, Гијом Картиер, на новата позиција – главен службеник за перформанси.

Во однос на производството, Nissan планира да го намали глобалниот капацитет за 20% и да го доведе до 5 милиони единици. Компанијата има во план да продолжи со лансирањето на 30 нови или обновени производи, но времето на лансирање ќе зависи од побарувачката на пазарот.

Како значајна пречка, Nissan се соочува со предизвикот дека нејзините електрични возила, како Ariya и Leaf, не успеаја да привлечат големо внимание на американскиот пазар. Компанијата планира да воведе технологија за двострано поврзување на возилото со мрежата во ново лансирани EV модели започнувајќи од 2026 година, во партнерство со Renault.

Исто така, Nissan одлучи да го намали својот удел во Mitsubishi за речиси една третина, што ќе донесе дополнителни „482,7 милиони долари“. Според плановите, Nissan ќе остане најголем акционер во Mitsubishi и продолжува да инвестира во програми за развој на електрични возила и батерии, во соработка со Renault, со вкупна инвестиција од околу „5,2 милијарди долари.

Во целост, овој пакет на реформи е одговор на брзите промени во пазарот и предизвиците со кои се соочува Nissan. Како што рече Uchida, компанијата мора итно да се прилагоди на новата реалност.

Фото: Ројтерс