ТЕРА

REKLAMA???

КРИСТИАН СТОЈАНИ ПОБЕДИ НА ТРКАТА KIEL LAUF 2022

Кристиан Стојани, првиот член од возобновувањето на АК ОЛИМП, денес победи на Kiel Lauf 2022, улична трка организирана во градот Кил со три трки 5К, 10К и 21К.

Кристијан, кој во моментот живее во Германија, но сѐ уште е член на АК Олимп, носејќи го дресот на својот драг клуб, денес победи на 5К трката со резултат 17:35.

„Трката беше тактичка, заради нагорнините кои ги имаше до 3-тиот километар, потоа гужвата се разби и борбата за позиција беше непредвидлива со самиот финиш на трката. Задоволен сум од резултатот, а и целиот настан беше одлично организиран” – рече Кристиан Стојани соопштувајќи ја оваа одлична вест.