Викендов ги поместивме стрелките на часовниците и повторно сме во т.н зимско сметање на времето. Летно и зимско сметаање на времето најпрвин било спроведено како соодветна пост-воена мерка за заштеда на енергија . Идејата сега е веќе позната, ако ги поместите часовниците еден час нанапред , тогаш денот ќе изгледа подолг во попладневните часови, па не треба да се користи струја. Но, докторите сметаат дека системот на промена на часовниците и летното сметање на времето е лошо за здравјето на луѓето.
Дали летното сметање на времето ја намалува потрошувачката на енергија?
Неколку студии во Европа и САД покажуваат дека промената има многу мал ефект врз зачувувањето на енергијата.
Студијата на истражувачите од Универзитетот Карло во Прага користела часовни податоци од 2010 до 2017 година за да открие дека DST во Словачка резултирала со проценета заштеда на енергија еднаква на само 0,8 отсто од годишната потрошувачка на електрична енергија.
Во САД, студија спроведена од Министерството за транспорт во 1975 година покажа дека летните заштеди намалуваат околу 1 процент од потрошувачката на енергија во земјата. Ја испитувале заштедата на енергија при индустриско и друго осветлување во раните утрински часови, греење во раните утрински часови за време на постудените месеци бидејќи луѓето заминуваат на работа еден час подоцна.
Во Италија, италијанското здружение за медицина на животната средина пресмета дека дури и одложувањето на промената на часовникот од крајот на октомври до крајот на ноември ќе и заштеди на земјата 70 милиони евра од сметки за гориво.

Здравствените експерти предупредуваат дека тоа може да биде штетно за благосостојбата на луѓето. Тие тврдат дека не мора да се зјапа цел ден во сонцето за да се согледа позитивниот ефект од него но, уверени се дека стандардното време, ова што сега се нарекува зимско време, е подобро за усогласеноста на човечкиот организам со природните циклуси светло-темно на денот и ноќта. Хронобиолозите сметаат дека промената на часовниците води до нарушување во спиењето, а слабиот квалитет на сонот е поврзан со многу аспекти на менталното и физичкото здравје. Што подразбира дека 24часовниот циклус на Земјата и човекто во неа значи хармонија во регулирањето на основните телесни функции, ослободувањето на хормоните, метаболизмот, тоа пак влијае на расположението, а тоа пак на односите што луѓето ги градат околу себе.
Повеќе научни студии, исто така, открија докази за зголемени негативни здравствени последици по промената на времето.
На пример, мета-анализа заснована на седум студии во кои беа вклучени повеќе од 100.000 учесници покажа дека има значително поголем ризик од срцев удар, во неделите по пролетните и есенските транзиции на, кога се влегува во летното сметање на времето.
Друга студија на истражувачи во Финска покажа дека хоспитализирањата поради мозочен удар се зголемиле во првите два дена по промената на времето. Истражувања покажале и дека кај ранливите, маргинализирани групи луѓе има зголемување на стапките на самоубиства во неделите по почетокот на летното сметање на времето.

Европа сака да се одлепи од промената на часовниците.
Во 2018 година, Европската комисија предложи да се стави крај на менувањето на часовникот двапати годишно во Европската унија.
Како дел од предлогот, спроведе и онлајн консултации за да се утврдат ставовите на жителите на ЕУ на оваа тема. Поддршката за завршување на промените на часовникот беше значајна, со стапки кои се движеа од дури 95 отсто во Полска и Финска до 44 отсто во Грција. Одговорите покажаа дека огромно мнозинство од испитаниците се залагаат за ставање крај на практиката, при што просечно 84 отсто од луѓето низ ЕУ ја поддржуваат промената. Сепак, додека Европскиот парламент гласаше за усвојување на промената, Европскиот совет не се согласи со тоа, а транзициите , па еве, продолжија.













