Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство, за противник ја има селекцијата на Гвинеја.
Натпреварот се игра во Вараждин Арената, со почеток во 18:00 часот.
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е оптимист во пресрет на денешниот натпревар со Гвинеја.
„Натпреварот со Гвинеја ни е од круцијално значење. Мораме да се мобилизираме и да го добиеме натпреварот. Нема да калкулираме воопшто, победата ни е потребна за пласман во втор круг. Можеби сме фаворити на хартија, но со оглед дека имавме две тешки и исцрпувачки дуели, очекувам тежок натпревар“ рече Лазаров.
фото: Ракометна федерација на Македонија












