Можностите за влез на македонските компании на швајцарскиот пазар и потенцијалот за нови инвестиции се дискутираат денеска на Македонско-Швајцарски бизнис форум денеска во Скопје. Организиран е од стопанските комори на двете земји. Насловен е „Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства“ и има за цел да поттикне деловна размена, инвестиции и развој на нови партнерства меѓу швајцарските и македонските компании, преку размена на искуства, идеи и визии за иднината на двете економии.
МАКЕДОНИЈА НА ШВАЈЦАРСКИ ПАЗАР

















