Македонија e рангирана на 85 место меѓу 180 земји во светот според Индексот за перцепција на корупцијата за 2022 година на Транспаренси Интернешнл.
Во однос на лани земјава напредувалата за две места. Македонија има 40 поени на скалата на која 0 означува најкрумпирана, а 100 најмалку корумпирана земја.
И покрај малиот напредок, Македонија и понатаму е во друштво на Суринам, Индија и Тунис.
Од државите во регионот, најдобро позиционирана е Словенија на 41 место, Грција е 51, Црна Гора 65, Бугарија 72, Косово 84, Србија е 101, а Босна и Херцеговина е на 110 место.
Најмалку корупција, според Транспаранси интернешенел, има во Данска, Финска, Нов Зеланд и Норвешка, а најкорумпирани земји во светот се Јемен, Либија и Северна Кореја.
Овогодишните податоци посочуваат дека мнозинството земји во светот не успеваат да ја сопрат корупцијата. Повеќе од две третини од државите имаат Индекс помал од 50 поени. Во споредба со 2012 година, дури 155 држави немале никаков значаен напредок во справувањето со корупцијата или пак назадувале.












