ТЕРА

REKLAMA???

Македонија со четворица претставници на Зимските Олимписки игри во Кортина

Македонскиот олимписки тим е подготвен за Зимските Олимписки игри во Кортина, Милано во Италија. Нашата држава ќе има четворица олимпијци кои ја исполнија квотата и ќе ги бранат државните бои.

Во дисциплините нордиско трчање , односно спринт и интервал старт трка на 10 километри ќе се тркаат Ана Цветановска во женска и Ставре Јада во машка конкуренција.

Од друга страна, натпреварувачи во алпско скијање на слаломската и велеслаломската трка ќе бидат Јана Атанасовска и Мирко Лазаревски.

Од Македонскиот Олимписки комитет информираат дека сите наши претставници се целосно подготвени и мотивирани за олимпискиот предизвик што ги очекува.

Во наредниот период ќе бидат официјално потврдени и точните датуми и термини на настапите на македонските олимпијци на Зимските олимписки игри 2026.