ТЕРА

REKLAMA???

МЕДИУМИТЕ ЈАВУВААТ ЗА УКРАИНСКО ГРАНАТИРАЊЕ НА РУСКИОТ ГРАД БЕЛГОРОД

Властите во рускиот пограничен регион Белгород соопштија за голем украински напад во која загинале најмалку 15 лица, пренесе ДПА.

Гувернерот на областа, Вјачеслав Гладков на Телеграм соопшти дека украинската армија извршила напад врз центарот на истоимениот регионален главен град Белгород и им порача на жителите да се кријат во засолништата за воздушни напади.

Дванаесет возрасни и две деца загинаа во гранатирањето, соопшти руската агенција за цивилна одбрана на Телеграм. Повредени се уште 108 лица, меѓу кои и 15 деца.

Гладков претходно соопшти дека има двајца загинати.

Руската новинска агенција Интерфакс јави дека рускиот претседател Владимир Путин му наложил на министерот за здравство Михаил Мурашко да го предводи тимот кој лета за Белгород како дел од владиниот одговор на кризата.

Засега нема коментар од официјален Киев.

Русија беше остро критикувана во Советот за безбедност на ОН за нејзините масовни ракетни и беспилотни напади врз Украина, откако Киев и неговите поддржувачи повикаа на итен состанок на 15-членото тело поради нападите.

Според официјални претставници, во руските напади ширум Украина – најлошите од почетокот на војната во февруари 2022 година – загинаа 31 цивил, а повредени се повеќе од 160.

Русија бара состанок на Советот за безбедност на ОН за Белгород, дипломати тврдат дека веќе е закажан.

МИА