Историската победа над Италија се славеше цела ноќ. Покрај славењето на трибините и во соблекувалната на фудбалерите, се славеше и на улиците низ градовите во Македонија.
Фудбалерите му ја подарија најубавата роденденска честитка на селекторот Благоја Милевски кој вчера го прослави својот 51-ви роденден.












