ТЕРА

REKLAMA???

МИЛЕВСКИ: МАСОВНО БИТОЛЧАНИ СЕ УПАТИЈА НА ПРОТЕСТОТ ПРЕД ВЛАДАТА

Вечерва во Скопје пред зградата на владата од 20 часот протест за промени на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ и нивната коалиција. Од повеќе локации во Битола, попладнево тргнаа автобуси за Скопје.

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Пеце Милевски вели дека Битола е спремна.

„Масовно битолчани денес се упатија на протестот пред Влада! Ова е заедничка битка за нашата Македонија, за твојата и иднината на твоите деца.

ПРЕМНОГУ Е! ПРОТЕСТ ЗА ПРОМЕНИ. Заедно, здружено, одлучно, за нашата Македонија.

Почетокот на крај на понижувањето – крај распродажбата на се што е македонско, крај на економската катастрофа! напиша на својот Фејзбук профил Милевски, каде сподели и фотографии.