Во пресрет на утрешниот контролен натпревар против селекцијата на Ерменија, селекоторот Благоја Милевски и репрезентативецот Елиф Елмас, ги споделија своите очекувања.
Благоја Милевски – селектор на македонската репрезентација:
-За натпреварот против Ерменија ќе им дадеме шанса на фудбалерите кои треба да го потврдат потенцијалот во репрезентацијата. По тешкиот и исцрпувачки меч во Прага, ќе видиме колку фудбалерите чувствуваат физички замор. Нема повредени играчи и пред натпреварот ќе одлучиме кој ќе започне.
„Контролниот меч против Ерменија, селекција која е квалитетна и одигра одлични квалификации е одлична можност за сите нас да го провериме потенцијалот со кој располагаме.
Можност ќе добијат сите, но ќе одлучиме за минутажата на фудбалерите. Оваа селекција секогаш оди на победа, така ќе биде и утре против Ерменија“.
Елиф Елмас – репрезентативец на Македонија
„Играме пријателски натпревар против добар и квалитетен противник како што е селекцијата на Ерменија. Кога играш за Македонија, очекувањата се големи и секогаш се цели кон победа.
Ќе излеземе на терен сплотрни и ќе се потрудиме максимално да одиграме добар натпревар во кој се надевам дека ќе излеземе како победници.
Одигравме одличен меч против Украина, но за жал го изгубивме. Дуелот против Ерменија е важен за нас, затоа одиме да победиме“.












