Еурофарм Пелистер во новата натпреварувачка сезона, доби нов капитен.
Капитенската лента во новата сезона ќе ја предводи миленикот на „Чкембари“, Мирко Радовиќ, кој ја прифати понудата од стручниот штаб да ја преземе одговорноста во новата сезона, во која тимот ќе оди на освојување на титулата на домашна сцена, како и на добар настап во Европа.
Радовиќ во Битола е од 2019 година, а летово беше единствениот интернационалец кој не направи трансфер и остана да ги брани боите на македонскиот вицешампион.












