ТЕРА

REKLAMA???

МИРЈАНТОН – НОВА ЦВЕЌАРНИЦА ВО БИТОЛА

Цвеќарниците во Битола кои изобилуваат со прекрасни цветни аранжмани се белег на градот. Го привлекуваат вниманието на битолчани, но и туристите кои доаѓаат да ја посетат Битола и често своите домови ги украсуваат токму со изборот направен во нашиот град.

Битола сега има ново место, нова цвеќарница на локација во Новиот пазар, за која сопствениците водени од љубовта кон цвеќињата, се одлучија да ја отворат и да му подарат на Битола ново цветно катче. Се работи за цвеќарницата „Мирјантон“. Место во кое ќе ве опие мирисот на розите, орхидеите, лилјаните, секој агол на оваа прекрасно уредена цветна бајка, со богата понуда, е исполнета со свежи и миризливи цвеќиња кои можете да ги искористите за да ги израдувате вашите најблиски.

Овде ќе го пронајдете идеалниот подарок за саканата личност, роднините, пријателите, а љубезните вработени ќе ви помогнат во вашиот избор, да го изберете идеалниот букет или цветен аранжман. Покрај цветните аранжмани во „Мирјантон“ ќе пронајдете и различни идеи за подароци за различни пригоди: родендени, венчавки, крштевки, годишнини. Па така се нудат и украсни готови аранжмани,  кутии полни со слатки, пијалоци и честитки, плишани мечиња, балони, кои се одличен подарок за сите видови на прослави. Покрај готовите аранжмани имате можност и сами да одберете што би сакале вашиот аранжман да содржи.

Во „Мирјантон“ имате различна понуда на саксиско цвеќе. За празникот на жената 8-ми март од „Мирјантон“ предлагаат различни аранжмани со ружи, каранфили, аранжманите во кутии со вина, трајните ружи кои траат од 3 до 8 години, како и саксиско цвеќе. Она што е интересно е доставата до вашиот дом или адреса каде сакате да биде испратен аранжманот која за во Битола и околината е бесплатна.

Украсете го вашиот дом или домот на вашите најблиски со цветните аранжмани од „Мирјантон“, посетете ги на локација во Новиот пазар.