ТЕРА

REKLAMA???

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ПОБЕДУВА ВМРО ДПМНЕ

Секогаш со посебна инспирација и чувство на почит и емпатија говорам на настаните на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тука е цветот на младоста, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на 34-та Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вие младите не сте само иднината на оваа држава — вие сте нејзиното најсилно сегашно срце. Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред. Не со страв, туку со идеи. Не со поделби, туку со заедништво.

Затоа сакам денес да ви порачам: останете тука. Борете се тука. Градете тука. Македонија има потреба од вашиот ум, од вашата креативност, од вашиот немир што го менува светот. Јас подавам рака на младите и го немаме повеќе луксузот да не успееме. Вашата генерација мора да успее. Ова е последната шанса за успех“ им порача Мицкоски.

Мицкоски кажа дека следуваат избори во кои што како што рече едно е јасно дека, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победуваат.

„Сосема извесно е дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе победат и дека има шанси СДСМ да остане и без ниту  една освоена општина. Тоа за мене e потврда за огромната поддршка од народот, но и огромна одговорност што значи дека мора да се има отчетност, да не се заборават вредностите кои ги имаме и ветивме на народот. Но и да се продолжи да се работи со несмалено темпо. Обврската која ја добивме од граѓаните пред се значи одговорност, која не се гледа само во начинот на кој се води политиката, туку и според начинот на кој се однесуваме во секојдневието. Секој еден функционер треба да има на ум дека народот живее тешко и дека мора одговорно да се однесува секој од владата кон секој еден народен денар со кој управуваме“ рече тој.

И порача дека не смеат да го разочараат народот кој во нив гледа надеж, за промени и враќање на сонот за Македонија која има иднина, затоа што ветиле работа и дека знае колку посветуваат внимание и го слушаат народот и дека мора да се прави разлика од се она што беше порано.