ТЕРА

REKLAMA???

МИЦОТАКИС НА САНТОРИНИ КАДЕ ПРОДОЛЖИЈА СЕРИЈАТА ЗЕМЈОТРЕСИ

Серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос продолжи и во текот на ноќта, меѓутоа со помал број потреси од над четири степени според Рихтер, иако утрово беа регистрирани два последователни со јачина од 4,2 и 4,8 степени.

Грчкиот премиер Мицотакис од утрово е во посета на островот и посочи дека „целиот државен механизам е мобилизиран“ и внимателно ги следат упатствата на експертите, кои ја советуваат цивилната заштита.

Уште еднаш препорачувам смиреност, да ги слушаме упатствата од цивилната заштита и посакуваме појавата брзо да заврши, а островот целосно да се врати во својот нормален ритам, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Санторини, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис од утрово е во посета на островот и посочи дека „целиот државен механизам е мобилизиран“ и внимателно ги следат упатствата на експертите, кои ја советуваат цивилната заштита.