МОЛИКАТА од страна на австриски експерти за шумарство е препознат како вид кој можи да биди клучен фактор во справувањето со климатските промени и зачувувањето на шумските еко системи
ЈУНП Пелистер организираше работна средба со шумарски експерти од Австрија предводени од аташето на Сојузното министерство за земјоделство, шумарство, климатска и еколошка заштита, Кристијан Бравенц. Групата составена од Силвио Шулер и Марчела Ван Лу од Федерален истражувачки и тренинг центар за шуми, Кристоф Хартлајтнер директер на LIECO GmbH, Андреас Штајнегер и Флориан Хехенблајкнер од Комора за земјоделство и шумарство на Штаерска, Симон Јансен од Универзитетот за природни ресурси и применети науки изрази голема заинтересираност за генетскиот и сменскиот материјал на стеблата на Македонскиот бор – Молика(Pinus peuce).
После направената посета на повеќе локации во рамки на моликовата шума беше договорена идна соработка на ЈУНП Пелистер и Универзитетот за природни ресурси и применети науки за животот – Боху, Виена. Соработката ќе оди во насока на организирано собирање и истражување на семенски материјал со цел обновување на шумите и генофондот каде главен акцент ќе се стави на адаптацијата на шумите согласно климатските промени.
Македонскиот бор со своите генетски карактеристики и животен циклус е веќе препознат како вид кој можи да се интродуцира во шумите во средна и заподна Европа во процесот на замена на видови и адаптација на шумите во пресрет на климатските промени со цел зачувување на шумските еко системи како клучни носители на биодиверзитетот кои непречено испорачуваат чист воздух и чиста вода за пиење.











