ТЕРА

REKLAMA???

НАД 200 ЗАГИНАТИ И 1000 ПОВРЕДЕНИ ВО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ИРАН

Медиумите јавуваат дека од петокот до денеска во израелските напади врз Иран загинале 224 лица, а повеќе од 1000 се повредени.

Израел започна напад врз иранските воени и нуклеарни објекти во петокот наутро, со цел како што беше соопштено да го спречи Иран да развива нуклеарно оружје.

Иран одговори со напад врз Израел со стотици ракети и дронови.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти Израел и Иран ќе можат да постигнат договор, но понекогаш, како што рече, земјите прво мора да се борат за него.

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, изјави дека вчера во телефонски разговор му рекла на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека дипломатијата е најдоброто долгорочно решение за конфликтот со Иран.