ТЕРА

REKLAMA???

НАТО ЗАПОЧНУВА НУКЛЕАРНА ВЕЖБА

НАТО денеска ја започнува годишната нуклеарна вежба над Западна Европа, на која ќе учествуваат повеќе од 60 авиони, а вежбата ќе трае две недели со учество на борбени авиони способни да носат американски нуклеарни боеви глави, објавено е на веб-страницата на Северно-атлантската алијанса.
„Нуклеарното одвраќање е камен-темелник на сојузничката безбедност. Вежбата „ Steadfast Noon“ е важен тест за нуклеарно одвраќање и испраќа јасна порака до сите противници дека НАТО ќе ги заштити и брани сите сојузници“, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
Оваа година вежбата се одвива главно над Белгија и Холандија, како и во воздушниот простор над Данска, Обединетото Кралство и Северното Море со учество на воени авиони од 13 земји членки на НАТО.


Оваа вежба на НАТО спаѓа во рутински вид обуки и се одржува секој октомври, а оваа година ќе учествуваат 2.000 војници од осум воздушни бази, со користење на разни типови авиони, вклучувајќи авиони кои можат да носат нуклеарни бомби, бомбардери, борбени ескадрони, авиони за дополнување гориво и авиони способни за извидување и електронско војување.
Годинава вежбата се одвива главно над Белгија и Холандија, како и во воздушниот простор над Данска, Обединетото Кралство и Северното Море со учество на воени авиони од 13 земји членки на НАТО.