ТЕРА

REKLAMA???

НАЈГОЛЕМИТЕ ЛЕТНИ ХИТОВИ НА ЕДНО МЕСТО

Некои од најголемите хитови во последните години, песните кои ги освоија светските топ листи, ги исполнија најголемите клубови и фестивали и заедно собраа милијарди стримови, пристигнуваат во регионов, на Егзитовиот фестивал „Си Денс”, кој започна на 28 август, во Будва! Ѕвездената екипа предводена од Хугел, Шарлот де Вите, Џон Њуман, Дара, Енрико Санџулијано, Борис Брејча, Бурак Јетер, Ху Си и Бед Копи носат хитови кои публиката одамна ги претвори во фестивалски химни, а песните само од оваа листа имаат неверојатен вкупен број од повеќе од 4,4 милијарди слушања. Од планетарните денс сензации и електронски класици до регионалните хитови кои се пеат едногласно – Си Денс го носи саундтракот на летото кој едноставно не смее да се прескокне.