ТЕРА

REKLAMA???

НАЈМАЛКУ ДОЖД ЗАВРНА ВО БИТОЛА

Утринава 11 степени во  Лазарополе, 12 Попова Шапка, 13 Маврови Анови, 15 Крива Паланка, Крушево, Дебар, Претор, Битола, Охрид, 16 Виница, 17 Берово, Тетово, Штип, 18 Прилеп, Куманово, Велес, 19 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, 21 Струмица, 22 Гевгелија.

Најмногу дожд 39 л/м2 наврнаа во Крива Паланка, 16 Штип, 11 Тетово, 10 Демир Капија, 9 Попова Шапка, 7 Велес, 6 Виница, 5 Куманово, 4 Струмица, Прилеп, 2 Кавадарци, Маврови Анови, 1 Битола.

Во текот на првата половина од ноќта имаше локална појава на пороен дожд и грмежи во западните делови. Во втората половина нестабилно беше најпрво во подрачјето на Велес и Скопје, а потоа нестабилноста се преместуваше кон исток, па целиот источен дел до утринските часови беше зафатен од пороен дожд и грмежи, кои наместа беа поинтензивни со засилен ветер. Утрово сеуште наместа во источните делови е нестабилно, а во западните е сончево со мала до умерена облачност.