Најмногу дожд 29 л/м2 наврнаа во Битола, 17 Прилеп, 16 Пожаране, Попова Шапка, 15 Крушево, 12 Тетово, 10 Тополчани, 8 Претор, 7 Скопје-Зајчев Рид, 6 Куманово, 3 Скопје-Петровец, Охрид, Маврови Анови, Лазарополе, 1 Штип,
Времето денеска променливо облачно со слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време, засилен ветер (над 60 км/ч) и услови за изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степена. Во Битола до 28 степени.













