ТЕРА

REKLAMA???

НА ПОЛНОЌ ПОЧНУВА ИЗБОРНИОТ МОЛК

Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори што треба да се одржи в недела на 19 октомври, а на кои ќе се гласа за градоначалници и советници.

Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и програмите за локалните избори.

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кој ќе трае до завршувањето на изборите.

Од понеделник 20 октомври ќе почне кампања за оние општини каде нема да биде избран градоначалник во првиот изборен круг.