Дискусија и анализа на образовниот систем сега, 16 месеци по управувањето со државата на ВМРО-ДПМНЕ и договор дека политиката на поддршка за образованието во целост ќе продолжи, затоа што, тоа е вистинскиот начин за комплетна ревитализација на македонскиот систем и чекорење со темпото на светот. Трибината на која присуствуваа наставници и професори од сите училишта од градот и универзитетот ја водеше министерката за образование проф. Д-р Весна Јаневска.
Направени се чекори кои водат напред – промени во наставните програми за основно и средно, донесени 6 нови закони за образование вклучително и Закон за квалитет во образование, чекори кон подобрување на студентскиот стандард, Медицинскиот факултет на УКЛО ќе биде акредитиран во 2026 година, донесен е закон за научно истражувачка дејност. Кон светските трендови на пазарот на труд најзначајна е новата одлука за формирањето на Центар за развој на технологии, кадешто бизнисот и студентите заедо ќе работат на иновации, вели проф. Д-р Филип Поповски, прв на листата кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ.
Само со заедничко ангажирање на институциите, наставниците, учениците и академската заедница – може да се изгради посовремено, поквалитетно и подостапно образование за сите, е пораката на Јаневска, која ги повика присутните И на овие избори да се одлучат за понудата на ВМРО-ДПМНЕ.












