ТЕРА

REKLAMA???

НА 6-ТИ АПРИЛ ЌЕ БИРААТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ

СДСМ ќе ги искористи сите механизми за обезбедување неселективна правда и одговорност за трагедијата во Кочани, беше кажано на седница на Централниот одбор на СДСМ.

Со едноминутно молчење членовите на највисокиот орган на СДСМ оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Кочани и изразија сочувство со болката и тагата на нивните семејства.

 

Во однос на внатрепартиските избори за Претседател на СДСМ, кои беа одложени поради трагедијата во Кочани, Централниот одбор донесе одлука да се одржат на 6-ти април.