Иако има Национално координативно тело, обезбедени се финансии за сите чинители и наменски се трошат, има соодветни закони и поддршка од странски експерти, сепак системот за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство и специјалнизираните услуги за жени жртви на родово-базираното насилство и семејното насилство во Македонија е недоволно ефикасен, вели извештајот на Дражвниот завод за ревизија кој го опфаќа периодот од 2018 до 2023 година и некои аспекти од 2024 и 2025 година.

Системот за заштита и борба против насилството врз жените, родово-базираното насилство и семејното насилство во Македонија не е целосно функционален ниту пак законите овозможуваат подобра заштита. Ова е заклучок на ревизорите од државниот завод за ревизија за системот за периодот од 2018 до 2023 година. Ревизијата за успешноста на спроведените активности усвоени во 2017 година, по ратификацијата на Истанбулската конвенција покажува дека „мерките и активностите на институциите не обезбедуваат соодветна и ефективна поддршка, заштита и реинтеграција на жените жртви на родово базирано и семејно насилство. Системот за заштита е сè уште недоволно развиен, а бројките за жртви и сторители на кривични прекршочни дела во врска со семејно насилство покажуваат загрижувачки континуитет, без подобрување на состојбата. Во 2023 година, мажите биле десетпати повеќе сторители на кривични дела од жените, додека жените жртви биле четири пати повеќе од мажите. Оваа состојба укажува дека обврските од Истанбулската конвенција остануваат неисполнети.“

Најпрвин низ бројка,биле утврдени 53 активности, а се реализирале 22, делумно 10.
За периодот по 2023 година не е донесена Национална стратегија за спречување и заштита од насилство, ниту се усвоени сите подзаконски акти предвидени со Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.
Има Програмата за реинтеграција на жртвите донесена од министерот за социјална политика, демографија и млади , ама е општа, без јасни цели и мерливи индикатори. Во 2023 Кривичниот законик бил усогласен со Истанбулската конвенција – родово-базираното насиилство е кривично дело, семејното насилство – исто такаљ, зголемени се казните за сексуално насилство, проширена е дефиницијата за семејно насилство, убиството на жени – фемицид се третира како квалификуван облик на убиство. Сепак има „недоволна криминализација на психичкото насилство“- вели ревизијата. Тука е и фактот што гонењето за телесна повреда при семејно или родово-базирано насилство сè уште се врши по предлог на жртвата, што ја нарушува ефикасноста на заштитата и го намалува објективното гонење на сторителите поради влијанието и притисокот врз жртвите. Во периодот од 2018 до 2023 година се изречени само 8 мерки за отстранување на сторителите од домот при семејно насилство и забрана за приближување. Изрекувани биле во Скопје и Охрид, од нив најмногу во Скопје – 3 во 2021 година.

Со проблематиката во државата се занимаваат министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, министерството за здравство, невладиниот сектор. Невладиниот сектор не е доволно лиценциран иако оттаму потекнуваат бројни инцијативи, во државата има само 3 отворени и функционални С.О.С телефонски линии за пријавување – трите на граѓански здруженија.
Центрите за социјална работа не се реорганизирани во овој период, се соочиле со недостаток на кадар. Бројот на засолништа и советувалишта не одговара со утврденото од Конвенцијата – според бројот на жители, наместо минимално 184 легла во засолништа државава има само 67. Во Југоисточниот и Североисточниот регион нема ниту едно легло во засолништата на ЦСР. Во Пелагонискиот регион според стандардите на Истанбулската конвенција треба да има 21 засолниште и 2 советовалиште – има 3 засолништа и 2 советобалишта, ниту едно од невладини, вели ревизијата. Со увид во дел од воспоставените засолништа и советувалишта, утврдено е дека голем дел од нив во претходниот период се користеле, но сега не се во функција.
Пари за сите активности се обезбедуваат во континуитет и се во пораст. Од 6.263,47 денари во 2021 година, во 2024 година се обезбедени 9.577,808 денари и наменски се потрошени.
Но сепак, од 2020 година до 2023 институциите имаат новоевидентирани жртви – во Битола има 439 и со тоа е на четвртата позиција.Со нови 1.890 жртви Скопје предничи пред Охрид кадешто има 886 нови жртви на семејно насилство и Прилеп со 656.

Според податоците на МВР, во периодот 2018–2023 година се извршени 6.242 кривични дела поврзани со семејно насилство, од кои 61% се за телесна повреда, а 35% за загрозување на сигурноста. Регистрирани се 6.423 сторители, од кои 91% се мажи, и 6.663 жртви, од кои 79% се жени. Во истиот период се евидентирани и 2.347 прекршоци, со речиси еднаков број на жени и мажи жртви. Податоците покажуваат континуиран и непроменет сооднос во кој мажите се доминантни извршители на насилство, а жените се значително почесто жртви, што упатува на недоволна ефективност на досегашните мерки за превенција и заштита.
Фотографии: слика од екран/ДЗР












