Екипите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 одиграа без победник, 28-28, во натпревар од третото коло од Суперлигата. Вториот тим на битолчани имаше и напад за победа, но составот на Еурофарм Пелистер се спаси од пораз и се избори за многу важен бод.
Скоро цело време водеше тимот на Александар Јовиќ. Во самиот финиш се влезе со +2 за помладите пелистерци. Следеше гол на Радовиќ и брзоплета грешка на Иваноски, па Васиљев на неколу секунди до крајот погоди за реми.
Петар Атанасијевиќ постигна седум, а Ивановски шест погодоци за младиот состав на „пелистерци“, додека во првата екипа на Еурофарм најефикасни беа Радовиќ со девет и Хосни со пет гола.












