В недела СДСМ ќе одржи конгрес за избор на новите партиски тела. Делегатите треба да ги изберат новиот Централен и Извршен Одбор, како и целокупното партиско раководство.
На Конгресот ќе се дискутира за идните политики и делување на партијата.
„Тоа што го работиме интензивно изминатите месеци е враќање на довербата на нашите членови и симпатизери. Можам да кажам дека имаме позитивен фидбек“, рече неодамна лидерот на партијата Венко Филипче.
И од Битола ќе има делегати на овој конгрес, а дали и кој ќе биде дел од партиските тела во централата во Скопје, засега никој не сака да зборува, а сепак некои се гледаат на високи партиски позиции.
Се споменува и место за потпретседател на партијата за битолчанец, односно искажана желба.
А, каква е состојбата во Битола. Советникот Николовски го пршавме дали новиот лидер во Битола Методија Куновски ќе ги обедини.
„Да, ќе не обедини, затоа и толку долго траеше овој процес за избор на ново раководство по поразот на изборите. И на централно и на локално ниво се врши консолидирање на партијата се со цел да останеме на патот и на страната на граѓаните, односно да обезбедиме слобода, еднаквост и солидарност и да градиме политики кои што ќе донесат прогрес на нашата држава и пред се на нашиот град Битола“ вели советникот од СДСМ, Петар Николовски.












