Инфраструктурниот развој и реализацијата на капиталните проекти беа во фокусот на состанокот посветен на Општина Могила, на кој беше направен пресек на досегашните активности и беа утврдени следните чекори за реализација на повеќе значајни проекти.

На состанокот беше истакнат напредокот во изградбата и реконструкцијата на локалната инфраструктура, вклучувајќи нови улици, спортски капацитети и модернизација на патната и железничката мрежа во регионот.
Меѓу приоритетите во наредниот период е официјалното пуштање во употреба на новото фудбалско игралиште изградено со поддршка на Фудбалската федерација на Македонија, како и почетокот на изградбата на улицата „Пелагонија”, проект за кој веќе се обезбедени финансиски средства и е подготвена потребната документација.

Станува збор за еден голем сет на проекти што мислам дека многу ќе значи за жителите на општината. Ние ќе продолжиме да поддржуваме и да реализираме проекти во наредниот период”, истакна Николоски.












