Откако утрово, вицепемиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, најави нов значаен проект, но не сподели детали за истиот, неколку часа подоцна се огласи на социјалните мрежи со следнава објава:
„Почнуваме ОГРОМЕН ПРОЕКТ!
Најголем во поновата историја на Македонија – АВТОПАТ Гостивар – Кичево со кој се заобиколува популарната Стража.
Автопат кој 50 години се најавува, конечно Владата на ВМРО-ДПМНЕ го почнува.
Со овој автопат и завршувањето на Охрид – Кичево од Скопје за Охрид и Струга ќе се патува со пријатно возење за час и половина! Целосно ќе се промени економијата и туризмот.
Благодарам на Премиерот Мицкоски за цела поддршка и посветеност!
ЈА ГРАДИМЕ МАКЕДОНИЈА! Да живее Македонија!”












