Министерот за транспорт Александар Николоски соопшти дека од денеска, Скопје и официјално директно се поврзува со Париз преку новата авиолинија Скопје – Париз.

„Утрово на Меѓународниот аеродром Скопје се реализираше првиот лет од Париз и тоа од аеродромот Орли до Скопје на авиокомпанијата Изиџет.

Линијата ќе се реализира два пати неделно и истата е воведена како резултат на финансиската поддршка што ја овозможи Владата преку Министерството за транспорт преку Програмата за воведување на нови дестинации.
Ова е уште една можност за подобра комуникација и поврзување на Македонија со европските земји и европските метрополи. Како Влада создаваме услови со кои привлековме нови авиокомпании во Македонија и резултатите веќе се видливи“ вели Николоски.
Фото: Фејзбук профил на министерот за транспорт












