ТЕРА

REKLAMA???

„НИСКОГРАДБА“ РАБОТЕШЕ НА ДОЖД

Со наврнати 26 литри на метар квадратен, Битола е во градовите со висок процент на дожд по квадратен метар. Во текот на ноќта  екипи на Нискоградба работеа на отворање на одводните шахти кои беа погодени од надојдени води и наталожен смет што го донесоа поројните текови. Од ЈКП „Нискоградба“ на ФБ информираат дека ги санирале состојбите на сите критични точки во градот : Кружен тек „Дулие“, населба „Кланица“, Кружен тек „Ат Пазар“, градскиот парк, ул. Партизанска и нанос на земја во населба г. Оризари.

 

 

фото: ЈКП Нискоградба