Се чини дека никако не престануваат несреќите кои ја следат Шпанија во последниве недели. Откако земјата се соочи со силни поплави во кои настрадаа голем број на жртви и причинета е огромна материјална штета, утрово повторно нови настрадани.
Најмалку 10 лица загинаа откако избувна пожар во дом за стари лица на северот на Шпанија рано утринава, соопштиле официјални лица. Двајца се сериозно повредени во пожарот во домот во градот Вилафранка де Ебро во Сарагоса, според шпанската новинска веб-страница Diario Sur. Тие се во критична состојба, додека неколку други лица добиле помош бидејќи вдишале сериозно количество на чад, јавуваат шпанските медиуми.
Пожарникарите биле известени за пожарот во домот Jardines de Villafranca утрово во 5 часот.
Лицата кои загинале во пожарот починале од вдишување на чад, известува шпанскиот весник Heraldo.
Домот за стари лица има 82 жители.
фото: skynews












