Управата и фудбалерит на ФК Пелистер денес го посетија Домот за доенчиња и донираа новогодишни пачетчиња за сите дечиња, кои се сместени во мали семејства. Претседателот на ФК Пелистер, Митко Стојковски, при средбата со директорката на домот, Анета Талевска, истакна дека оваа мала донација, но се надева дека ќе ги израдува малите штитеници на домот за време на новогодишните и Божикните празници.
Директорката Талевска се заблагодари во име на вработените и малите штитеници и истакна дека празниците и новогодишните подароци се радост за нив и децата. Таа на Стојковски му додели благодарница за новогодишната донација.
Претседателот на ФК Пелистер предложи поголемите деца и лицата со попречености да бидат гости на клубот, на стадионот и во клубските простории, а напролет и на трибините на фудбалските натпревари.












