Пред само неколки денови Нокаут го прославија 1000. настап и тоа на 25 годишнината од постоењето. 25 години Нокаут, 25 години македонска музика, интеракција со фановите, настапи, концерти, турнеи, 25 години славење на животот и љубовта.
Оваа приказна како што истакнуваат членовите на групата, продолжува понатаму. „Знаеш каде да ме најдеш”, “Временска машина”, “Лебедот бел”, “За нас”, “1000 Причини за крај”, “Сакам да живеам”, “Фатална опсесија”, се само дел од безвременските хитови на Нокаут.
Оваа група е формирана во 1997 година, а реоформена во 2006 година. Тие оваа година ја добија и наградата „Група за афирмација на македонската авторска музика“, од Бекстејџ.













