Фразата што ги опишува некои од европските земји на југот од балканскиот полуостров се применува за северниот дел од европскиот континент – колку е посеверно толку е потажно , се однесува на кусите зимски денови без сончева светлина кои предизвикуваат тага. град воп норвешка нема сонце цел месец – од 27 ноември.

Темнината е надмината – од 22 декември денот неможе да биде помал. Оттогаш деновие се се спосветли. А Човештвото отсекогаш наоѓало начин да се справи со мачната темнина, или едвај присутната дневна светлина: дел од фолклорот на народите се многубројните прослави на светлината.
Во годината што изминува, астрономите измерија дека колку се поблиску до Северниот пол, толку пократок е денот. А во градчето Тромсо во Норвешка, на 300 километри северно од Арктичкиот круг сонцето нема изгреено од 27 ноември. Првиот зрак светлина се очекува на 15 јануари.
Kратките зимски денови и забележителниот пад во духот на народoт ги забележал уште таткото на медицината Хипократ, кој препишувал сончање затоа што им ја враќало среќата на неговите пациенти.
Меѓу неколкуте теории за тоа зошто потемните месеци предизвикуваат замор, повеќето се однесуваат на внатрешниот часовник на телото, познат и како деноноќен ритам, кој ви кажува кога да се разбудите, кога да јадете и кога е време да се спие. Студиите покажуваат дека намалената сончева светлина го нарушува распоредот на овој часовник, влијаејќи на невротрансмитерите како серотонин и мелатонин, што пак влијае на нашиот сон и нивото на енергија.
Иако може да искусите симптоми, како што се замор, поспаност и огромна желба за јаглени хидрати, малку е веројатно дека страдате од „сезонско афективно нарушување“ што го има, кај 1% од данското население, а се дефинира со повторливи депресивни епизоди кои започнуваат и почнуваат приближно во исто време. Во меѓувреме, редовниот „зимски замор“, познат и како „зимски блуз“, е многу поблаг и затоа не се лекува медицински.

Еден од начините да се надмине состојбата бил земање на големи колични на вит Д, иако досега нема докази дека е ефикасно. Друг начин е да останете дневно креативни. Еден од примерите за креативност за општествено добро е во градот Рјукан, мал град во јужна Норвешка, кадешто зимското сонце навистина изгрева, но никогаш не стигнува до градот поради неговата единствена локација помеѓу две високи планини. Како решение, уметник поставил џиновско ротирачко огледало на планината над долината за да ја фати сончевата светлина и да ја рефлектира сончевата светлина надолу на градскиот плоштад. Овој нов начин да се почувствува сончевата топлина директно на нивната кожа, според некои жители, ефикасно се избори со нивниот зимски блуз.












