Нормализиран е сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско, информираат од Македонија пат и АМСМ.
Поради сообраќајна незгода кај крстоницата кон селото Ногаевци, од 06:25 часот сообраќајот беше во прекин, екипи на МВР вршеле увид. Нема информации за жртви ниту пак поголема материјална штета.
Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Македонија пат предупредва дека на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.
Управувајте внимателно со возилата низ македонските патишта.
Фотографија за илустрација: unsplash













