Околу пет минути откако го почна говорот на вчерашиот предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија, се слушнаа неколку истрели, а тој го држеше десното уво кога агентите на Тајната служба се упатија кон бината и го легнаа под бината, штитејќи го со своите тела.
По обидот за атентат, поранешниот американски претседател Доналд Трамп се чуствува добро. ФБИ го „неутрализира “ осомничениот 20-годишен напаѓач кој истрелал неколку куршуми кон бината каде што Трамп држеше говор на митингот во Пенсилванија. Претседателот Џо Бајден го осуди политичкото насилство.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше ранет во, како што рекоа претставниците на законот, „обид за атентат“ за време на предизборен митинг во западна Пенсилванија.
Трамп подоцна рече дека бил застрелан во увото, а на видеото од митингот на 13 јули се виде крв што тече од десната страна на неговото лице, додека агентите на тајната служба го симнуваа од бината каде што требаше да оддржи предизборен говор.
Две лица беа убиени, меѓу кои и осомничениот стрелец, а двајца други во публиката беа ранети, јавуваат американските медиуми. ФБИ подоцна го идентификуваше осомничениот вооружен напаѓач како Томас Метју Крукс, 20-годишен маж од град недалеку од градот Батлер, каде што се одржа собирот.













