Под влијание на студена и влажна воздушна маса денес времето ќе биде облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни, локално проследени со грмежи. Дневните температури ќе се намалат за околу 10 степени.
На планините над околу 1200 мнв во западните и северните делови врнежите ќе преминуваат во снег.
Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19 степени. Во Битола до 12 степени.
Утре сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.













