Оваа година се одбележуваат 30 години од првиот јавен настап на Тоше на детскиот фестивал Златно славејче далечниот ноември 1992 година. Во конкуренција на голем број нумери на респектабилни музички композиторски имиња уште во прв круг, изборот паѓа на Тоше и Ема како дует за авторската песничка „Јас и мојот дедо“ испеана на Влашки јазик, авторска композиција и
текст на крушевчанецот Христо Христоски – Мулар инаку музички ментор на Тоше. Неговиот прв настап е експресно забележан од маестро Александар Џамбазов.

Манифестацијата по повод првиот настап на Тоше беше во организација на Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево.
„ Ние како Спомен куќа на Тоше достојно ги одбележуваме сите значајни датуми од неговата исклучително богата музичка кариера. Па одбележувњето на првиот негов јавен настап беше проследен со програма која е поврзана токму со истиот “, изјави директорката на НУ. „Спомен куќа на Тодор Проески“ – Лефкија Гажоска.

Во просторот на Спомен куќата се емитуваше видео од Крушевската ТВ за која Тоше која го
сними првото интервју на 11 годишна возраст, потоа следуваше музичкиот колаж од
музички нумери во изведба на детскиот хор Ѕвончиња, “Teen pop rock choir”, Вокалната група “Мелодиум”, под диригенстка палка на Марина Коруновска. Настапија и ученици од училиштата во Крушево. Настанот беше организиран со цел меѓу најмладите да се
промовираат рефрените кои Тоше ни ги остави во аманет, музиката за која
живееше и вредностите што ги споделуваше со сите нас преку неговата
„ Ве сакам сите“. Спомен куќата на Тодор Проески е основана со единствена намера и цел, да се зачува и промовира не само музичкото, но и животното дело на Тоше и оваа година, 2022 ја посвети на одбележување на многу значајни моменти од неговата кратка, но исклучително плодна и маестарлна музичка кариера.












