ТЕРА

REKLAMA???

ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ: ЗА ЛОКАЦИЈАТА И ИНТЕРВЕНЦИЈАТА ДА СЕ ПРАША ЈАВНОСТА

Извештај по однос на одлуката за реализација на детален урбанистички план за „Централно градско подрачје 3 дел БЛОК 10 и 16„ Уредувањето на јавните површини е една од заложбите на Коалицијата Одлучно за промени, стои во соопштението на коалицијата по случувањата околу просторот зад Пионерскиот дом во Битола.

„Но, за жал со одлуката на Советот на Општина Битола за реализација на ДУП за „Централно градско подрачје 3 дел БЛОК 10 И 16“, која ќе се спроведува „заради изградба на предвидените објекти во планот“ сигурно нема да се постигне.

Како прво, одлуката за реализација на овој ДУП е на сила од 04.07.2012г., со самото донесување на планот од страна на Општина Битола со одлука бр. 07-15/26 објавена во Службен гласник на Општина Битола бр. 8/2012, затоа е нелогично нејзино повторно донесување.

Како второ, им се допаѓало тоа или не на некои, на сила е Закон за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење, (сл.в. на РМ бр.169/15). Според овој закон, за реализација на споменатиот ДУП, кој се наоѓа во заштитениот урбан комплекс „Широк сокак“, неговите одредби мора да бидат усогласени со заштитно конзерваторските услови добиени од Управата за заштита на културното наследство на РМ. Тоа се однесува и за сите интервенции во старото градско јадро на новопредвидени и постоечки објекти, но и за партерни и инфраструктурни интервенции.

Како трето, партерно уредување за кое е образложено дека се носи одлуката не е исто со изградба на предвидените градежни објекти, како што е наведено во самата одлука.

И на крај како најважно од се, тежнеејки кон вклученост на сите граѓани и стручната фела во креирањето на урбаните политики, особено за уредување на јавни простори кои им припаѓаат на сите граѓани, ред е детално да им се образложи планот за интервенции и да се праша јавноста за мислење на начин предвиден со закон.

Па така, редодт на нештата би бил, подготвување на идејни решенија, нивно презентирање на јавноста, сондирање на мислења на граѓаните и на крај донесување на одлука за реализација на предвидените интервенции. Знаеме дека тоа е подолготраен процес, но таков е вистинскиот пат ако сакаме да направиме град поубав за сите нас“ се вели во соопштението на Коалицијата Одлучно за промени.