ТЕРА

REKLAMA???

ОД РЕК СООПШТИЈА ДЕКА ЗАРАДИ МЕПСО НАДВОР ОД ФУНКЦИЈА Е РЕК БИТОЛА

Заради испад на 110 киловолтна собирница на МЕПСО, надвор од функција е РЕК Битола.

Околу 15:45 часот дојде до прекин на напојувањето, по што од мрежа испадна Блок 1 на РЕК Битола. Прекинати се и пуштачките операции на Блок 3 кои беа во тек, а по чие завршување во функција требаше да биде ставен и овој блок.

Стручни лица од РЕК Битола веќе работат на надминување на состојбата и ставање на комбинатот во функција, стои во соопштието од РЕК Битола.