ТЕРА

REKLAMA???

ОД УТРЕ АПЛИЦИРАЊЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАН СТУДЕНТСКИ ОБРОК

Министерството за образование и наука информира дека од утре започнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година. Повикот со условите и начинот на аплицирање е објавен на интернет страницата на министерството, на следниот линк.

Рокот за пријавување за тековните и студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2025/2026 година е до 5.9.2025 година.

Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/,  а на повикот можат да се пријават сите редовни студенти запишани на прв циклус, односно втор циклус на студии, како и на интегрирани студии на јавните и приватните универзитети во државата.

 Апликантите треба да се државјани на Македонија  и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.

Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Паричниот надомест не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври.

 

Фото: Илустрација