Времето денес сончево, во источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени. УВ=8
Максималната температура во Битола ќе достигне 32 степени.
Метеоролозите најавуваат дека од утре до недела подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на топол бран и во поголем дел од земјава ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Дневната температура на места ќе надминува 40 степени.












