ТЕРА

REKLAMA???

ОКОЛУ ЧАС И ПОЛОВИНА ДЕЛОВИ ОД БИТОЛА БЕА БЕЗ СТРУЈА

Нешто после полноќ дојде до прекин во снабдувањето со електрина енергија во поголем дел од градот, особено во делови од Нова Битола и населби во тој реон, како и кон центарот на градот.

Од контакт центарот на ЕВН рекоа дека нивни екипи излегле на терен за санирање на дефектот  (испад на далековод) и воспоставување на нормално снабдување со електрична енергија.

Нешто после 1:40 часот почна да се нормализира снабдувањето со електрична енергија, односно враќање на мрежата дел по дел од реоните кои останаа без електрична енергија.