ТЕРА

REKLAMA???

ОЛИВЕР ДВОЈАКОВСКИ ПРВО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА НОВИОТ КК ПЕЛИСТЕР

Оливер Двојаковски ќе го носи дресот на Пелистер во новата сезона. Toj e првото ново име во таборот на вицешампионот на Македонија.

По 18 месеци поминати во Навико Академија ФМП, 25-годишниот крилен играч одлучи да ја смени средината и да се пресели во редовите на актуелниот вицешампион. Таму ќе биде прво засилување за екипата која и во претстојната натпреварувачка кампања ќе учествува во АБА 2.

Во дресот на Навико Академија ФМП, поранешниот младински и потенцијален сениорски репрезентативец, заедно со Леонид Тодоровски, беше најстандарден минатата сезона и ги одигра сите 32 натпревара, со ефект од 7 поени и 5,6 скока.

Пелистер летово остана без Игор Кесар, Марјан Младеновиќ и Стојан Ѓуроски.