ТЕРА

REKLAMA???

ОСВЕТЛЕНИ ПРЕМИНИ, ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА ПЕШАЦИТЕ

ЈП „Комуналец“ и Општина Битола започнаа со реализација на проектот кој ќе придонесе за зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот, а пред се на пешаците.

Од „Комуналец“ соопштија дека на 6 локации на улицата Васко Карангелевски, поставено е дополнително, ново лед осветлување, со што осветлени се пешачките премини.

Покрај осветлувањето на хоризонталната сигнализација, активностите продолжуваат со подобрување на вертикалната сигнализација и поставување на сообраќајни знаци со лед осветлување.

Проектот продолжува да се реализира на сите поголеми сообраќајници во Битола, велат од „Комуналец“.