Сите основни училишта од градот до Советот на општината доставија барање за дозвола да работат со паралелки под 20 ученици. Формирањето на паралелките го нормира законот за основно образование, а основачот и министерството за образование треба да дадат согласност.
Денеска започна школската година за 744првачиња во градот. Вкупната бројка е далеку помала од пред педесетина години кога се формираа пралелки со по 37 до 42 ученика во битолските училишта, па на клупа со две седишта седеа по три ученика. Затоа се изградија училишта и се донесе закон кој предвидува максимален број ученици во една паралелка.
Сега – годинава, сите основни училишта во градот од советниците ја бараат доволата школската година да ја започнат со паралелки со помал број. И, не се работи само за подрачните, училиштата во селата, туку и за централните, во градот.
Според Законот за основно образование наставата во основните училишта се изедува по одделенија и паралелки со предвиден број ученици во паралелка од 20 до 30. Ако нема повеќе, а има наставен кадар, и доколку се добие согласност од основачот – во случајов Советот на Општина Битола училиштата може да формираат паралелки и со помалку од 20 ученика.

Советниците на последната седница ги усвоија барањата на сите училишта од градот за формирање на паралелки со помал број ученици. Призмата е прво одделение :
Во ОУ трифунПановски се бара согласност за една паралелка со 13 и една со 14 првачиња. ОУ „Тодор Ангелевски“ побара една паралелка во прво одделение со 4 ученика, но вкупно во 6 паралелки годинава се запишале 72 ученика. Во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Бистрица годинава се запишале само 7 ученици во прво одделение. Во останатите училишта низ барањата поднесени за одобрување на паралелки со помалку ученици за сите одделенија од второ до 9 видлив е надолниот тренд.
Во барањето од ОУ „Даме Груев“ се наведува дека е потребно 27 паралелки да функционираат со помалку ученициод законската норма и се замолуваат советниците да гласаат во корист на учениците, училиштето и вработените „како би го избегнале големиот број на технолошки вишок“.












