Поради влошувањето на безбедносната состојба во регионот на Блискиот Исток, бројни меѓународни авиокомпании ги откажаа или суспендираа летовите до Израел, Иран, Ирак, Јордан, Либан и Сирија, а некои компании најавија промени во користењето на воздушниот простор во овие земји, пишува МИА.
Израелските превозници, вклучувајќи ги „Ел Ал“, „Сундор“ и „Израер“, ги суспендираа закажаните летови до крајот на јуни, со ограничена достапност за јули.
Во меѓувреме и информацијата дека Соединетите Американски Држави го зголемија своето воздушно присуство во близина на Блискиот Исток, распоредувајќи воени авиони пред евентуално директно вклучување во израелско-иранскиот конфликт, објави Скај њуз.












