Денес беше извршена ждрепката за првото коло од Купот на Македонија. Амбициозниот Гостивар ќе се судри со второлигашкиот ривал Пелистер во еден од највозбудливите парови.
Беласица – Шкупи
Караорман – Шкендија
Гостивар – Пелистер
Саса – Вардар
Кожуф – Тиквеш
Коњари – Работнички
Црно Буки – Скопје
Тетекс – Академија Пандев
Вардар Неготино – Струга ТЉ
Карбинци – Победа
Слога Виница – Брегалница
Зајази – Воска Спорт
Љуботен – Ренова
Фортуна – Борец
Во оваа рунда ќе се игра само еден натпревар, а во случај на нерешен резултат ќе се шутираат казнени удари.












